Агенцијата Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија со стабилен изглед. Извештајот смета дека политичката криза е надмината со формирањето на новата влада и очекува континуитет на финансиската политика. Исто така, извештајот предвидува подобрување на довербата и интензивирање на економскиот раст.
Економскиот раст за 2017 година беше ревидиран на 1%, поради негативните движења на БДП во првата половина од годината. Сепак, се проценува дека овој пад е привремен и дека повисок економски раст може да се очекува кон крајот на годината. Просечниот раст на БДП помеѓу 2018 и 2020 година се очекува да изнесува околу 3%.
Очекуваниот буџетски дефицит во 2017 година е околу 3%, што е во согласност со дефицитот проценет во ребалансот на буџетот. Извештајот, исто така, ги забележува постојаните буџетски дефицити во претходните години, но очекува просечен буџетски дефицит од 3% од БДП во текот на следните четири години. Дополнително, буџетскиот дефицит се проценува дека изнесува 46,5% од БДП во 2017 година.
Агенцијата предложи воведување на реформи насочени кон економски раст, како и повисока ефективност и отчетност на јавните институции со цел подобрување на рејтингот.
Елена Костовска
Еурофаст Глобал Лимитед, Скопје
elena.kostovska@eurofast.eu
+389 2 2400225