Македонската минимална плата се зголеми; воведени стимулации

Парламентот на Република Македонија го усвои изменетиот Закон за минимална плата на 18 септември 2017 година. Претходно важечката нето-минимална плата од 10.080 денари е зголемена на 12.000 МКД. Износите се однесуваат на вработување со полно работно време.

Измените засегаат голем број компании чии вработени добиваат минимална плата. Заради полесна транзиција во периодот септември 2017-февруари 2018 година, Владата воведе стимулации за погодените компании кои ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Не се во постапка на ликвидација или стечај
  • Имаат прикажано загуба во фискалната 2016 година или нето добивка помала од 10% од вкупните трошоци за 2016 година
  • Не користат ослободување од плаќање на придонеси за социјално осигурување или персонален данок
  • Немаат неизмирени салда за нето плати, придонеси или даноци за периодот (месец) за кој е побарана финансиска помош.

Компаниите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми имаат право на финансиска помош за секој вработен во периодот до февруари 2018. Износот на помошта зависи од платата на работникот и истите ќе бидат префрлени на компаниите откако тие ќе ги подмират своите месечни обврски.

Елена Костовска
Еурофаст Глобал Лимитед, Скопје
elena.kostovska@eurofast.eu
+389 2 2400225