Министерството за финансии го објави буџетот за 2018 година; прогресивниот данок ќе почека

Владата на Република Македонија планира да потроши 3,44 милијарди евра во 2018 година, што е за 300 милиони евра помалку од она што планира да го добие како приход, со што би го намалила дефицитот на 2,7 отсто.
Највисок процент од државните расходи се предвидува да бидат поврзани со социјалната заштита и заштитата на децата, со 33% од буџетот наменет за трошење во тој сектор, додека 19% се резервирани за економски развој и финансии.
Ветувањата за зголемување на државните плати се во линија со планираниот буџет; вработените во армијата ќе добијат зголемување од 10%, додека јавната администрација во здравствениот и образовниот сектор 5%. Владата, исто така, предвидува нови вработувања во јавниот образовен сектор со фокус на предучилишните установи. Соочувајќи се со критики за фактот дека расходите во јавната администрација ќе бидат повисоки од буџетот за капитални инвестиции, Владата ги фокусираше планираните инвестиции во патишта и железници, со 96 милиони евра буџетирани за гасоводи, водоснабдување и пречистителни станици за отпадни води. Исто така се планираат средства, меѓу другото, за завршување на делницата Демир Капија-Смоквица, реконструкција на Коридорот 10 и изградба на железничката пруга долж Коридорот 8.
И покрај најавите за воведување прогресивни стапки на оданочување, предложената промена на даночниот режим за персоналниот данок на доход останува да почека. Се смета дека персоналниот данок на доход може да се воведе со прогресивни стапки на оданочување почнувајќи од 2019 година. За потсетување, данокот на персоналниот доход во Македонија се пресметува по рамна стапка од 10% од 2008 година.

Елена Костовска
Еурофаст Глобал Лимитед, Скопје
elena.kostovska@eurofast.eu
+389 2 2400225
Please read our DISCLAIMER