Новиот министер за финансии на Република Македонија, Драган Тевдовски, изјави дека има намера да преземе мерки за решавање на растечкиот проблем со јавниот долг преку намалување на трошоците за задолжување и покрај потребата да се продолжи со задолжување. Во соопштението на прес-конференција, Тевдовски напомена дека задолжувањата ќе продолжат да се одвиваат претежно на домашниот пазар со пониски каматни стапки, но не ја исклучи можноста за учество на меѓународниот пазар под поволни услови.
Јавниот долг е едно од најчесто дискутираните прашања во Република Македонија во последниве години, бидејќи постојано е во пораст во последните 10 години, достигнувајќи ниво од 47.8% од БДП во 2016 година. Во одредени периоди од 2016 година – во услови на политичката несигурност – го надмина прагот од 50 отсто од БДП, поради што ММФ повика да на оддржување подобра контрола. Несогласувањата во врска со методологијата за пресметување на долгот се исто така континуирана проблематика. Одредени проценки го проценуваат актуелниот јавен долг на алармантни 54% од националниот БДП. Во неодамна објавените податоци, Министерството за финансии (врз основа на свои проекции) проценува јавниот долг да изнесува 46% од БДП во првато тримесечие од 2017 година. Историски гледано, од осамостојувањето, јавниот долг беше највисок во 2000 година, а најнизок во 2008 година.
Министерот, исто така, истакна дека Министерството ќе го зголеми издавањето на домашните државни хартии од вредност и истовремено ќе ја намали фреквенцијата на аукциите на само двапати месечно, со цел да го охрабри тргувањето со секундарниот пазар. Износ од 203 милиони евра – достапен од претходно издадената обврзница – се очекува да ги покрие постарите позајмици од странски извори.
Елена Костовска
Еурофаст Глобал Лимитед, Скопје
elena.kostovska@eurofast.eu
+389 2 2400225
Please read our DISCLAIMER