Share this post

По исклучително долг процес на ратификација, договорот за одбегнување на двојно оданочување склучен во 2010 година помеѓу Македонија и Белгија, конечно стапи на сила на 17 јули 2017 година. Договорот – општо применлив од 1 јануари 2018 година – ќе го замени стариот договор потпишан помеѓу поранешна Југославија и Белгија во 1980 година.
Договорот прецизира максимална даночна стапка од 15% за дивиденди (или 5% ако крајниот корисник директно поседува најмалку 10% од друштвото што ја исплаќа дивидендата или 0% ако крајниот корисник поседува најмалку 25% од друштвото што ја исплаќа дивидендата во непрекинат период од 12 месеци). Приходите од камати ќе се оданочуваат со македонска стапка од 10%, како и авторските права. Терминот “авторски права” се смета дека вклучува и филмови што се користат за телевизиско или радио емитување, како и употреба или право на употреба на научна, индустриска или комерцијална опрема.
Вреди да се напомене дека повластените стапки на задржан данок за дивиденди од 5% и 0% се пониски од претходно пропишаните (претходно 10% во случај на 25% учество во капиталот).
Во договорот се наведува дека никакво намалување или ослободување од приходот поврзан со вештачки транскакции (т.е. трансакции кои не задоволуваат никакви легитимни финансиски или економски потреби, ниту пак имаат валидни економски причини) нема да се одобрува. Во однос на начинот на избегнување на двојното оданочување, двете земји генерално го користат кредит методот и ослободувањето со прогресија.

Елена Костовска
Еурофаст Глобал Лимитед, Скопје
elena.kostovska@eurofast.eu
+389 2 2400225